Во канадската Премиер лига, беше постигнат првиот гол, според новото правило за офсајд, попознато како „Правилото на Венгер“.
Во канадската Премиер лига, беше постигнат првиот гол, според новото правило за офсајд, попознато како „Правилото на Венгер“.
Иако ќе беше поништен во кое било друго натпреварување во светот, голот на Алехандро Дијаз за Пасифик против Халифакс, беше досуден како дел од експериментална примена на правило кое би можело да го промени фудбалот.
Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер, кој моментално е директор на ФИФА за глобален развој на фудбалот, предложи промена според која играчот не е во офсајд ако кој било дел од неговото тело е во линија со последниот одбранбен играч.
Ова практично значи дека не смее да има слободен простор помеѓу напаѓачот и одбранбениот играч.
Another view of the 'daylight offside' decision here: pic.twitter.com/I3m5NTcDkg
— Simon Evans (@sgevans) April 18, 2026
Се очекува дека воведувањето на ова правило би можело да доведе до зголемување на бројот на постигнати голови. Правилото сè уште официјално не се вкоренило во светскиот фудбал, но канадската Премиер лига го применува пробно од почетокот на оваа сезона.
Имаше неколку ситуации каде што новото правило стапи во сила, но не беа постигнати голови сè до натпреварот помеѓу Пасифик и Халифакс, кој заврши 2:2.
Дијаш постигна гол кој ќе беше поништен според актуелните правила, но во овој случај беше признат токму поради експерименталната примена.
Доколку тест-фазата биде успешна, „Правилото на Венгер“ наскоро би можело да оживее на најголемата фудбалска сцена, што би претставувало една од најзначајните промени на правилата во модерната историја на фудбалот.











