Ван дер Варт: Винисиус е толку добар играч, штета што се однесува вака на теренот

Дерби

08/04/2026

14:38

232

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен предизвика коментари од различни аспекти за она што се случуваше на „Бернабеу“, а Рафаел ван дер Варт негодувал и за однесувањето на Винисиус Жуниор.

Холанѓанецот кој кратко го носеше дресот на Реал не може да разбере зошто Бразилецот постојано бара прекршок или пенал од судиите и реагира по секој старт над него, нешто што го правеше и на вчерашниот натпревар.

– Ова е многу лошо, не знам како да го променат.

– Навистина штета бидејќи тој е толку добар фудбалер, а со однесувањето ги излудува фановите.

– Кога добива и најмал удар, останува на теренот, а потоа станува и бара црвен картон. Лудост е тоа што го прави и навистина штета, – повторил Ван дер Варт, кој добил поддршка и од сонародникот Дени Блинд.

– Винисиус беше голема опасност за Баерн, требаше да шутира од подобар агол во таа шанса во 61. минута. Но, повторно сме изиритирани од него, бидејќи смета дека секој прекршок е пенал, – потенцирал Блинд.