Креспо не штеди комплименти за Лаутаро: Лојалноста и головите го направија клупска икона на Интер

Дерби

08/04/2026

14:09

155

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез се врати по паузата поради повреда и постигна два гола на дуелот со Рома, зацврстувајќи го својот специјален статус меѓу фановите, но и во клупската историја на Интер.

Аргентинецот го воодушевува и својот сонародник Ернан Креспо, кој смета дека Лаутаро веќе се изборил за статус на клупска легенда на Интер и тоа поради се она што го направи изминатите години.

– Го следам уште од дете и уште од неговиот прв чекор по доаѓањето во Европа и Интер.

– Многу големи клубови сакаа да го доведат во своите редови, но никогаш не реши да се одвои од својата голема љубов – Интер.

– Лојалноста го направи клупска икона, а тој напредуваше многу тактички и технички. Резултатите кажуваат се што е потребно, со него на теренот победуваш, без него на теренот ризикуваш многу. Секогаш кога не е во форма или е повреден, Интер има големи проблеми. Тој е најголем проблем и страв за противничките дефанзивци и нема покомплетен напаѓач во Серија А, – рекол Креспо.