Дванаесет играчи висат за реваншот: Барселона и Атлетико ќе мора да внимаваат на картоните во шпанското дерби во ЛШ

Дерби

08/04/2026

14:08

192

Големина на фонт

а а а

Барселона ќе го пречека Атлетико Мадрид во првиот дуел од шпанскиот двомеч во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а медиумите во оваа земја потенцираат дека голем број играчи се соочуваат со потенцијална суспензија за реваншот.

Првично, медиумите пренесоа дека Диего Симеоне подготвува посебна тактика за Ламин Јамал и ќе бара од неговите играчи да го испровоцираат да добие жолт картон, поради што дефинитивно нема да игра на реваншот, на кој ќе биде потврден патникот во полуфиналето.

Но, во редовите на Барселона не е само Јамал под закана, туку на жолт картон до суспензија се и Фермин, Касадо и Мартин.

Атлетико е под уште поголем притисок, бидејќи дури осум играчи на Симеоне може да бидат суспендирани, а меѓу нив е и неговиот син Џулијано.

Покрај Симеоне џуниор, под закана се и Љоренте, Ле Норманд, Ленгле, Руџери, Пубил, Алмада и Бариос.