Симеоне му се „поклони“ на Гризман и го изненади Французинот пред новинарите

Дерби

08/04/2026

11:18

447

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне и Антоан Гризман биле претставници на Атлетико Мадрид на вчерашната прес-конференција, како најава за денешното соочување со Барселона во Лигата на шампионите, а тренерот решил да го започне својот дел од пресот со специјална посвета за францускиот фудбалер.

Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико и ќе стане член на МЛС тимот Орландо, па Симеоне сакал пред новинарите и јавноста да ја истакне благодарноста на сите во клубот за се она што Французинот го направи за Атлети изминатите години.

– Сакам да ја искористам оваа можност да зборувам, не само од перспектива на тренер, туку и како навивач на Атлетико.

– Искрено се заблагодарувам за твојата напорна работа и понизност, ти си личност достојна за почит во општество каде што на младите им се потребни примери како тебе, благодарам за сè што даде, даваш и ќе продолжите да ни даваш за клубот.

– Благодарам за твојата посветеност, за тоа што знаеш како да направиш разлика меѓу пријателството што го споделуваме и професионалниот однос меѓу тренер и играч, – рекол Симеоне, пред на шега да му порача на Гризман дека ако не трча доволно на натпреварот со Барса, веднаш ќе биде повлечен од игра.

Гризман бил пријатно изненаден од зборовите и потегот на Чоло, потенцирајќи пред новинарите дека ќе возврати за ваквите благородни зборови.