За две години во администрацијата ќе имаат за 40% повисока плата, на владина седница помина Колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените, соопшти Мицкоски

Макфакс

26/03/2026

14:17

211

Големина на фонт

а а а

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор.

„Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор вработените во образованието исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и исто како што ќе го добијат сите од државната и јавна администрација коишто се со колективни договори потпишани од оваа влада“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде и дека во вторникот на владина седница помина и предлог колективниот договор којшто државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата со што вработените за две години би имале за 40-тина проценти повисока плата од тоа што го имаат денес.

„Вклучително ќе отпочне и процесот, бидејќи веќе помина текстот на предлог колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој што беше претходно договорен и усогласен со двата синдикати УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали коишто ќе треба да се доиспеглаат оваа недела, денес, утре, задутре и очекувам веќе од понеделник и тоа потпишување да се заврши и веќе во април да добијат плата согласно новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8%. Така ќе биде во април 2027-ма, така ќе биде во април 2028-ма. Значи дека за некаде отприлика две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-тина проценти од тоа што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид којшто некогаш владата го потпишала со овие вработени“, рече Мицкоски и додаде:

„Бидејќи се прошири малку списокот, тука влегоа и од обвинителската и од судската служба, некаде околу 10-тина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99% ние ги регулираме нашите односи со нашите колеги каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил.“