Ги „допрел“ ѕвездите, го доживеал пеколот на дрогата, сакал и страдал: Бурната животна приказна на холивудскиот заводник кој си замина прерано

Точка

21/03/2026

15:45

1.216

Големина на фонт

а а а

Николас Брендон, актерот кого милиони го засакаа како Ксандер Харис во серијата „Бафи – убиец на вампири“, почина на 20 март 2026 година на 54-годишна возраст. Зад себе остави богата кариера, но и живот обележан со големи подеми и тешки падови.

Роден во 1971 година во Лос Анџелес, славата ја стекна кон крајот на деведесеттите како дел од оригиналната постава на една од најпопуларните тинејџерски серии од тоа време. Неговиот лик, духовит, верен и емотивен, брзо ја освои публиката, а Брендон стана едно од заштитните лица на серијата.


Сепак, зад рефлекторите водел борба што не била видлива на прв поглед. Со години се соочувал со алкохолизам, депресија и трауми од детството, за кои подоцна отворено зборувал. Повеќепати бил на рехабилитација, а неговите проблеми со законот често ги „полнеле“ насловните страници.


И покрај сè, не се откажувал, се обидувал да се избори со самиот себе, да остане во контакт со обожавателите и да најде утеха во уметноста, особено во сликарството.

Првиот брак – мирно поглавје далеку од очите на јавноста

Неговиот прв брак со актерката Треса ДиФиљо бил сосема поинаков од сè што следувало подоцна. Се венчале во 2001 година, во екот на неговата популарност, но далеку од холивудскиот гламур, на семејниот имот во Калифорнија.

Нивниот однос бил тивок, стабилен и без скандали. За разлика од подоцнежните случувања во неговиот живот, овој брак не ги полнел таблоидите ниту привлекувал внимание од јавноста. Заедно поминале околу пет години, период во кој Брендон веќе се соочувал со лични проблеми, вклучувајќи и заминување на рехабилитација во 2004 година.

#NicholasBrendon of #BuffytheVampireSlayer was married twice to #TressaDiFiglia and #MoondaTee, and both ended amid his public troubles.

Posted by BollywoodShaadis.com on Friday, March 20, 2026

Се развеле во 2006 година, без драма и јавни конфликти. Треса подоцна продолжила со својот живот, нашла нова љубов и основало семејство, додека Брендон тргнал по пат што ќе биде значително потурбулентен.

Втор брак – кратко и бурно поглавје

Во 2014 година Брендон започнал нова љубовна приказна со актерката Мунда Ти. Нивната врска кулминирала со брза венчавка во Лас Вегас, само една недела по свршувачката.

Меѓутоа, бракот траел само пет месеци. Веќе на почетокот на 2015 година го објавиле разводот. Иако официјално останале во коректни односи и без тешки зборови, овој период од неговиот живот бил обележан со сериозни инциденти.


Токму тогаш дошло до низа апсења, најчесто поврзани со алкохол и проблематично однесување. Овие настани дополнително му го оптовариле приватниот живот и според многумина, влијаеле на распадот на бракот.

По разводот, Брендон повеќе не се оженил.

Животни подеми и падови

Иако приватно минувал низ тешки моменти, на екранот оставил силна трага. Освен во „Бафи – убиец на вампири“, каде што глумел од 1997 до 2003 година, се појавил и во серијата „Злосторнички умови“, како и во неколку други проекти.

Неговиот талент за хумор и способноста да прикаже емотивни нијанси го направија единствен, а ликот на Ксандер Харис остана еден од најомилените во историјата на телевизијата.


Во подоцнежните години сè повеќе ѝ се посветувал на уметноста, наоѓајќи мир во сликањето и креативното изразување.

Брендон почина мирно, во сон, како што соопшти неговото семејство. Зад себе остави приказна за човек кој засмејувал милиони, но и храбро ги водел своите лични битки.

За обожавателите ширум светот, тој засекогаш ќе остане Ксандер, пријател со големо срце, кој секогаш беше тука кога беше најпотребно.