[ФОТО] Актерката проговори за борбата со канцерот: „Многу сум посилна откако дозволив да бидам ранлива“

Точка

19/03/2026

08:13

1.132

Големина на фонт

а а а

Актерката Оливија Мун доби награда од списанието „Лос Анџелес“, а во таа прилика проговори за болеста со која се соочува.

45-годишната актерка, која ја краси насловната страница на новото издание на списанието, беше почестена во петокот на ручекот „Жени со влијание“ што се одржа во „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, каде што отворено зборуваше за својата борба со ракот на дојка.


Отфрлање на оклопот

„Не го гледам ракот како нешто неправедно, како да не можам да верувам дека поминав низ ова. Нема простор во мојот ум или енергија да размислувам за неправдата“, изјави Мун.

„Само мислам, фала му на Бога што сум еден од среќниците.“


Сила во ранливоста

Мун рече дека открила нов вид лична сила во својата борба.

„Јас сум многу посилна откако си дозволив да бидам ранлива и го носам тоа со мене секој ден“, изјавила таа, додавајќи: „Всушност не ја знаеме нашата сила и храброст сè додека не се стават на тест, а сега знам дека го имам тоа во мене. Знам дека можам да се справам со сè.“

По кратката пауза во април оваа година, Оливија се враќа на телевизија со нова сезона од нејзината успешна серија.