[ВИДЕО] Портпаролот на Револуционерната гарда му испрати порака на Трамп на англиски јазик: Војната не се добива со твитови

Макфакс

17/03/2026

11:42

1.288

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ебрахим Золфагари, му се потсмеваше на американскиот претседател Доналд Трамп во порака на англиски јазик, осврнувајќи се на неговите објави на социјалните мрежи.

„Исходот од војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете да зборувате само во вашите твитови“, рече Золфагари.

„Подобро е оваа војна да се нарече „Епски страв“ наместо „Епски гнев“, додаде тој.