Киев продолжува со залуден отпор наместо да донесе одговорна одлука и да го отвори патот за мировниот процес, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Киевскиот режим продолжува со залуден отпор наместо да донесе неопходна, одговорна одлука и да го отвори патот за продолжување на мировниот процес“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека руските вооружени сили продолжуваат со своите стратешки воени операции и продолжуваат да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони.
„Нашите вооружени сили продолжуваат со својата специјална воена операција и продолжуваат да ги постигнуваат своите цели, како и да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони“, рече Песков, според Танјуг.








