[ФОТО] Фаталната гимнастичарка доби улога во римејкот на „Чувари на плажата“: Поради нејзините жешки пози многумина само воздивнуваат

Точка

14/03/2026

16:42

845

Големина на фонт

а а а

Оливија Дан доби улога во новата верзија на серијата „Чувари на плажата“. Поранешна гимнастичарка се приклучува на голема екипа и влегува во светот на Холивуд.

Поранешната гимнастичарка Оливија Дан прави уште еден голем чекор во својата кариера – таа директно се сели во Холивуд. Популарната инфлуенсерка се придружи на екипата на римејкот на серијата „Чувари на плажа“.

Според „TMZ“, Дан ќе игра лик по име Грејс во новата верзија на серијата.

Самата инфлуенсерка брзо ја потврди веста. Таа сподели кратка порака со своите следбеници на „X“:

„Време е да се фатиме за работа!!!“.


Од гимнастика до Холивуд

Ова е само најновото достигнување во кариерата на 23-годишната атлетичарка која стана една од најпознатите личности на социјалните мрежи. Дан првпат се појави во центарот на вниманието минатата година кога се појави на насловната страница на мајското издание на „Спортс илустрејтид костим за капење“ од 2025 година.

Приватно, таа е во врска Пол Скинс, но сега се чини дека е повеќе фокусирана на кариера во индустријата за забава.


„Глумата отсекогаш ми била страст“

Претхнодно месецов, Дан изненади многумина кога откри дека веќе некое време посетува часови по глума. Во интервју за списанието „Пипл“, таа призна дека нејзиниот интерес за глума датира од студентските денови.

„Едно нешто што можеби ги изненади луѓето е тоа што посетувам часови по глума и навистина уживам во тоа“, изјави таа.

Како што објасни, за време на студиите на Државниот универзитет во Луизијана, нејзин приоритет биле колеџот и спортот, па затоа немала доволно време сериозно да се посвети на таа страст.

„Отсекогаш сакав да се занимавам со глума, но кога си студент спортист, училиштето и спортот се на прво место. Гимнастиката ми беше главен фокус тогаш. Сега кога завршив со колеџ, имам многу повеќе време да ја истражам мојата креативна страна и да се посветам на глумата“, додала Дан.


Отворена за филмски и ТВ проекти

Влијателната личност не го крие фактот дека би сакала да се обиде и во други проекти на големо или мало платно доколку се појави вистинска можност.

„Ја сакам креативната соработка и моментот кога конечно ќе го видите резултатот од сè на што сте работеле. Без разлика дали станува збор за гимнастика или глума во филм или серија, чувството кога целата напорна работа се исплати е неверојатно“, изјавила таа.


Голема екипа во новата серија „Чувари на плажата“

Во новата верзија на серијата „Чувари на плажата“ ќе се појават и:

Стивен Амел како Хоби;
Џесика Белкин како Чарли;
Ноа Бек како Лук;
Шеј Мичел како Трина;
Хаси Харисон како Нат;
Тадеус Лагрон како Бред;
Брукс Надер како Селин;
Дејвид Чокачи како Коди.