[ФОТО] Кевин Костнер „уловен“ во интимен разговор со 42-години помладата манекенка: Уживале на вечера во Лас Вегас

Точка

09/03/2026

17:52

1.251

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Кевин Костнер (71) бил забележан во друштво на 29-годишната манекенка Брукс Надер за време на прославата по повод отворањето на клубот „Зеро Бонд“ во Лас Вегас.

Двајцата биле фотографирани додека разговарале на вечера за специјални гости, на која присуствувале и други познати личности. На фотографиите се гледа Костнер, облечен во црно одело, и Надер во елегантен гламурозен фустан, како седат еден до друг и водат пријателски разговор.

По вечерата, биле забележани и во просториите на клубот, каде што играле рулет, блекџек и покер. Иако не е познато како Костнер и Надер се запознале, сè укажува дека нивната средба била пријателска, иако веднаш се појавиле шпекулации за можна романтична блискост.

Надер не присуствувала сама на настанот, туку ѝ се приклучила нејзината помлада сестра Сара Џејн Надер. Ексклузивната забава на сопствениците на приватниот социјален клуб и ресторан „Sartiana“, според локалните медиуми, имала список на гости ограничен на само 20 учесници, а меѓу присутните биле и Гвинет Палтроу, Орландо Блум и Рајан Филип. Овој клуб порано бил само за членови со седиште во Њујорк, а во минатото го посетувале и Тејлор Свифт, Ким Кардашијан и поранешниот на Надер, Том Брејди.


Кевин Костнер претходно бил во врска со Кели Нунан Горс (46) во јануари оваа година, а пред тоа бил во брак со Кристин Баумгартнер, со која има три деца. Нивниот брак траеше од 2004 до 2023 година.

Брукс Надер претходно беше во врска со Брејди и со Глеб Савченко (42), познат од американската верзија на емисијата „Танц со ѕвездите“.