[ВИДЕО] „Километри љубов“: Обожавателка на Лозано поминала речиси 3.500 километри за да присуствува на неговиот концерт, објави видео од нејзиното патување

Точка

09/03/2026

15:41

987

Големина на фонт

а а а

Наталија Калјакина поминала речиси 3.500 километри за да присуствува на концертот на Лозано што се одржа во саботата, на 7 март, во арената Борис Трајковски во Скопје.

На својот Инстаграм профил Наталија објави видео на кое во описот додаде „Километри љубов“, како што беше насловен концертот на познатиот пејач, во кое за околу една минута го прикажува целото свое патување до настапот на нејзиниот омилен изведувач.


Наталија откри дека тргнала од Уљановск, град кој се наоѓа на околу 3.481 километар од Скопје. Првиот дел од патувањето го поминала со автомобил, возејќи околу три часа до градот Казан.


Оттаму со авион летала приближно четири часа до Белград, а од главниот град на Србија го продолжила патувањето со автобус, со кој околу седум часа патувала до Скопје.


Во последниот кадар од видеото, снимен од првите редови во фан-питот, се слуша како Лозано ја изведува песната „Километри“, додека Наталија кратко напишала: „Заради него“.


Таа сподели и уште едно видео од концертот, на кое Влатко ја изведува песната „Што сака нека биде“ од „ДНК“, притоа оставајќи посвета за жртвите од Кочани.