[ФОТО] Озлогласениот водач на ултрасите станал свештеник, но не се откажува од фудбалот: „Тоа е мост за почеток на разговор“

Точка

14/03/2026

10:56

654

Големина на фонт

а а а

Дека фудбалот пишува најчудни приказни потврдува и животниот пресврт на Свен Кербер, Германец кој некогаш важеше за жесток водач на навивачите, а сега е свештеник.

Свен Кербер во 2004 година беше водач на навивачите на Борусија Менхенгладбах. Тој беше првиот водач на навивачите на тогаш штотуку отворениот „Борусија Парк“, новиот стадион на овој клуб.

Целиот истетовиран и со жесток изглед, како и сите опасни момци што живеат таков начин на живот, Кербер ни не претпоставувал дека во блиска иднина целосно ќе го промени својот начин на живот, ќе живее значително помирно и ќе стане свештеник во црква.

Пред приближно 25 години, Кербер стана истакната фигура на навивачката сцена. По преселбата на новиот стадион во 2004 година, тој беше првиот водач на навивачите на „Борусија Парк“. Неговото име и денес е добро познато, ако не и озлогласено, на сцената.

На прв поглед, неговиот свет сега изгледа сосема поинаку. Во тишина Кербер пали свеќи во црква, носи мантија и Библија во раката, ја пренесува „Bild“ оваа интересна приказна.

Кербер е водач на црковната заедница во протестантската црква во Балве, гратче на западот од Германија.

„Сакам да градам мостови во ова општество. А фудбалот е мост за почеток на разговор“, вели денес 45-годишниот Кербер, некогаш озлогласен водач на ултрасите на Гладбах.

Овој свештеник никогаш не се простил од фудбалот. Својата Борусија и понатаму ја сака, а тоа го покажува со фактот дека на трибините е приближно 25 пати по сезона, колку што му дозволуваат верските обврски.