Расел победи во спринт трката, Антонели најбрз во квалификациите за ГН на Кина

Макфакс

14/03/2026

09:29

244

Големина на фонт

а а а

Кими Антонели ги искористи проблемите што ги имаше неговиот колега, Џорџ Расел, кој претходно победи во спринт трката. Најбрзото време на Антонели изнесуваше 1:32.064.

Расел, на почетокот на последната кфалификациска сесија имаше проблем со болидот, буквално во последен момент излезе на патеката, успеа да посави време кое беше за две десетински послабо од она на Антонели.

Британецот претходно победи во спринт трката, пред возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. За Расел ова беше втора победа во спринт трките.

Вториот ред, очекувано го формираа Хамилтон и Леклер. Седум кратниот шампион беше побрз за 13 илјадити делови од секундата.

Оскар Пјастри и актуелниот првак, во квалификациите ги освоија петото и шестотот место. Седми е Пјер Гасли од Алпин, Макс Ферстапен и Исак Хаџар и Оли Берман ги комплетираа најдобрите десет на старот.

Големата награда на Кина в недела ќе започне во 8 часот по македонско време.