Македонија е безбедна и има доволно залихи, граѓаните се евакуираат од Блискиот Исток, уверува пратеникот Лефков

Макфакс

07/03/2026

14:52

138

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека Македонија е безбедна и подготвена за евентуална кризна или вонредна состојба поради случувањата на Блискиот Исток.

Одговарајќи на новинарско прашање дали земјата е подготвена за евентуална криза, Лефков рече дека државата располага со доволни залихи на ресурси и дека македонските граѓани се евакуираат од земјите во регионот.

„Македонија е безбедна и спремна за евентуална кризна или вонредна состојба, имаме доволни залихи на ресурсите, македонските граѓани се евакуираат од земјите во Блискиот Исток, така да нема простор за паника“, рече Лефков.

Тој во изјавата упати и критики кон поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, прашувајќи дали, како што рече, нивната „нервозa и фрустрација“ се поврзани со случувањата во Дубаи и со пазарот на недвижности таму.

„Но, изразуваме сериозна загриженост кон Заев и Филипче, дека после нападите во Дубаи им се руши пазарот на недвижности со што им се создава удар врз инвестициите кои ги имаат овие двајца таму“, изјави Лефков.