Пожар во куќа на „Партениј Зоографски“ во Скопје, полицаец заврши на Клиникa поради вдишан чад

Макфакс

07/03/2026

15:01

201

Големина на фонт

а а а

Пожар избувнал во куќа на улицата „Партениј Зоографски“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 08:45 часот во полицијата било пријавено дека гори куќа сопственост на фирма, во која никој не живеел.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Еден полициски службеник, кој бил ангажиран како физичко обезбедување за време на интервенцијата, по гаснењето влегол во објектот за да провери дали има евентуално повредени лица, при што вдишал чад.

На полицаецот му била укажана лекарска помош на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

За настанот бил извршен увид.