Ирански медиуми објавија фотографија од запален танкер во Ормутскиот теснец

Макфакс

07/03/2026

14:17

184

Големина на фонт

а а а

Иранските медиуми објавија фотографија од запален танкер во Ормутскиот теснец.

Објавата доаѓа по претходното соопштение на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), во кое се наведува дека во Персискиот Залив бил погоден нафтен танкер што минувал низ Ормутскиот теснец.

ИРГЦ повтори дека нема да дозволи нафтени танкери и трговски бродови поврзани со „непријателски земји“ да поминуваат низ тој теснец.