Нема простор за загриженост, залихи на гориво има, кажа Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија

Макфакс

05/03/2026

21:37

199

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за состојбата со нафтените деривати во услови на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.

Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на средбата било констатирано дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола.

Имав средба со претставници на нафтената индустрија во државата.


Разговаравме за актуелната состојба со нафтените...

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, March 5, 2026

„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, напиша премиерот.

Тој додаде дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и ќе реагираат во зависност од реалните потреби.