Шпанија се согласи да соработува со американската војска, според портпаролката на Белата куќа

Макфакс

04/03/2026

20:15

201

Големина на фонт

а а а

Шпанија „се согласи во последните неколку часа да соработува со американската војска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за новинарите, пренесуваат медиумите во регионот.

Трамп вчера се закани дека ќе ја запре целата трговија со Шпанија откако земјата ја забрани употребата на своите воени бази во операцијата против Иран.

Левит сега изјави дека Шпанија ја слушнала пораката на Трамп „јасно и гласно“.

Таа, исто така, нагласи дека знае дека „американската војска се координира со своите колеги во Шпанија“.

Таа додаде дека американскиот претседател очекува сите европски сојузници да соработуваат во операцијата.

Медиумите потсетуваат дека Шпанија одби да им дозволи на Американците да користат шпански бази за воени операции против Иран, што го натера Доналд Трамп вчера да се закани дека ќе „ја прекине целата трговија со Шпанија“.