Кина забранува футуристички волани: Може да бидат кобни при судiр

Точка

16/02/2026

16:38

229

Големина на фонт

а а а

Класичниот кружен волан обезбедува поголема заштитна зона, додека „полу-воланите“ го зголемуваат ризикот од повреди.

Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија претстави нацрт на нов задолжителен безбедносен стандард што стапува на сила на 1 јануари 2027 година, а една од клучните промени е практична забрана на т.н. „yoke“ управувачи.

Новиот правилник ги заострува барањата за безбедност при судири, вклучувајќи пониски дозволени сили на удар врз воланот и построги ограничувања за поместување на управувачката колона.


Прописите исто така бараат тестирање на удар на десет точки околу целиот обрач на воланот, што конструкции без горниот дел – како „yoke“ воланите – практично не можат да го исполнат.

Според податоците на кинеските регулатори, околу 46 проценти од повредите на возачите во сообраќајни несреќи се поврзани со механизмите за управување.


Класичниот кружен волан обезбедува поголема заштитна зона, додека полу-воланите го зголемуваат ризикот од повреди. Дополнителен проблем претставува и непредвидливото отворање на воздушните перничиња поради необичната форма на овие волани.

„Yoke“ решенијата ги користеа одредени производители, вклучувајќи ја и „Tesla“. Новите кинески стандарди ќе доведат до тоа сите нови модели од 2027 година да мора да користат класични управувачи, додека оние што веќе се на пазарот ќе имаат нешто повеќе од една година за приспособување.