Додека светот сè повеќе со нетрпение ја очекува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален воен напад врз Иран, тензиите на Блискиот Исток влегуваат во нова, поопасна фаза.
Иран и неговите сојузници велат дека се подготвени за најлошите сценарија, додека Вашингтон и Тел Авив демонстрираат воена подготвеност и координација, оставајќи впечаток дека одлуката за војна зависи од еден потег од Белата куќа, пишуваат светските медиуми.
Во директно предупредување до САД, Иран откри нов мурал на прометен плоштад во центарот на Техеран со јасна порака до Вашингтон да не се обидува да изврши воен напад. Муралот прикажува оштетени борбени авиони на палубата на носач на авиони, со слоганот: „Кој сее ветер, жнее виор“. Пораката беше дополнително засилена со изјавите на иранските функционери.
Ебрахим Азизи, претседателот на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, изјави на социјалната мрежа Икс дека американските војници од регионот ќе „се вратат кај своите семејства во ковчези“ ако САД направат грешка поради лошите проценки на својот претседател.
Ebrahim Azizi, Chairman of the Iranian Parliament’s National Security and Foreign Policy Commission, issued a statement on X addressing the United States. His remarks come amid heightened regional tensions and ongoing diplomatic friction between Tehran and Washington. pic.twitter.com/sTV06YZqYT
— Geopoliti𝕏 Monitor (@GeopolitixM) January 26, 2026
Пратеникот Салар Велаџат-Мадар предупреди дека воен конфликт може да избувне во секој момент, нагласувајќи дека Иран, дури и без отворена војна, веќе е „во средината на 12-дневна војна“ и нагласи дека земјата е подготвена за најлоши сценарија.
Заканите доаѓаат по изјавите на шефот на Централната команда на САД, Бред Купер, кој зборуваше за можноста за „кратка, брза и чиста операција“ во Иран, во контекст на повеќедневни воени вежби насочени кон демонстрирање на способноста за брзо распоредување и одржување на борбени воздухопловни сили низ целиот регион.
Израелскиот „Канал 14“ ги објави зборовите на Купер од средбата со началникот на Генералштабот на израелската армија, Еилал Замир, каде што беше нагласено дека целосната подготвеност на иранскиот фронт ќе бара време, но дека САД секогаш се подготвени за ограничена воена акција.
Според истиот извор, во американските воени кругови се зборува и за промена на режимот во Иран, со тврдења дека евентуален напад би бил насочен кон структурите што учествувале во задушувањето на протестите.
Израелската радиодифузна корпорација „Кан“ наведува дека времето на американскиот напад не е утврдено и дека тој целосно зависи од одлуката на Трамп. Исто така, потврдено е дека американските и израелските воени лидери разговарале за координација на одбраната во случај на ирански ракетен одговор кон Израел.
„Канал 12“ го цитираше командантот на Северната команда на Израел кој вели дека Тел Авив не знае во која насока се развива ситуацијата, предупредувајќи за зголемување на американските сили во Персискиот Залив.
Заканите што доаѓаат од Ирак потврдуваат дека евентуален напад врз Иран би можел да го запали целиот регион.
Генералниот секретар на ирачките бригади на Хезболах, Абу Хусеин ал-Хамидави, предупреди дека објавувањето војна на Иран нема да биде „пикник“, туку дека непријателите ќе „ги вкусат најгорчливите форми на смрт“ и дека „ништо нема да остане од нив“ во регионот
















