[ВИДЕО] Џими Фалон го исмеа Доналд Трамп: „Голф, кварцање па киднапирање човек“

Точка

09/01/2026

09:40

1.017

Големина на фонт

а а а

Американскиот комичар и водител Џими Фалон во „The Tonight Show“ го исмеа претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, така што наброја што сè прави во рамките на својот распоред.

„Понеделник – состаноци. Вторник – држење говори. Среда – интервју. Секојпат заспивање. Четврток – Гренланд изгледа добро. Да му се каже на целиот свет: ‘Ова е мое’. Франција е лута и вели: ‘Нема шанси. Ќе ви го дадеме Шаламе’. Пауза и гледање телевизија, да се погледне ‘Heated Rivalry’. Шејн штотуку се заљубува во Русин: ‘Ох, Боже, тоа сме јас и Влади!’. Голф, па кварцање, па киднапирање човек. Приказна за Епстин, збогум!“, рече Фалон.


Понатаму наведе дека на листата обврски на Трамп следува и запленување нивен кокаин, но без да го проба.

„Сакам ‘кока’ (‘кока’ може да значи кокаин, но и да биде кратенка за Кока-Кола), но само диетална. Голф, спиење, кварцање, спиење, убава сиеста. Почивај во мир мој најдобар пријател Векна. Кварцање, спиење, да се изврши инвазија што е можно побрзо, но прво уште една дремка“, се пошегува тој.


Овој негов настап воодушеви бројни корисници на социјалните мрежи.

„Го обожавам неговиот хумор“, „Генијално“, „Џими, ти си мојот омилен Американец“, „Урнебесно и точно до срж“, се само дел од коментарите на неговиот профил на Инстаграм.