[ВИДЕО] Kејт Мидлтон денеска полни 44 години, ја прекина традицијата со емотивно видео

Точка

09/01/2026

21:41

1.061

Големина на фонт

а а а

Оваа година, за својот 44-ти роденден, наместо семејна честитка на социјалните мрежи, Кејт Мидлтон одлучи роденденот да го одбележи со лично видео во кое зборува за утехата и силата што ги пронашла во природата во текот на борбата со ракот, истакнувајќи колку е „неизмерно благодарна што е жива“.

По повод 44-тиот роденден на Кејт Мидлтон, Кенсингтонската палата го објави последниот дел едногодишната видеосерија „Мајка природа“ (Mother Nature), во која, со гласовна нарација од самата принцеза, се прикажуваат снимки од нејзината рана утринска прошетка во Беркшир, недалеку од семејниот дом во Виндзор.

Во нарацијата за зимската епизода, принцезата се осврнува на сопствениот пат и процесот на закрепнување во текот на изминатите две години, отворено зборувајќи за стравовите, солзите и оздравувањето, како и за длабоката благодарност кон животот.



„Дури и во најстудениот и најтемниот период, зимата ни носи мир, трпение и тишина. Во моментите кога протокот се забавува доволно за да го видиме сопствениот одраз во него, ги откриваме најдлабоките делови од себе… Сè повеќе размислувам за тоа колку сум благодарна“, вели Кејт во видеото.

„Серијата „Мајка природа“ за мене беше длабока и лична, креативна рефлексија за тоа како природата ми помогна во оздравувањето. Но, тоа е исто така приказна за моќта на природата и креативноста во заедничкото исцелување. Од мајката природа има толку многу што можеме да научиме додека градиме посреќен и поздрав свет. К.“, додала Кејт во придружниот, лично потпишан текст.