Ивана Кнез ја испрати 2025 година со празнични фотографии со Гринч и ѝ порача: „Пак би те одбрала иако ми го искрши срцево неколкупати“

Точка

31/12/2025

12:04

1.179

Големина на фонт

а а а

Нашата модна дизајнерка Ивана Кнез, освен поради креациите со кои го слави женското тело, многумина ја сакаат и бидејќи е секогаш е искрена и без влакна на јазик на многу теми.

Таа често ги користи социјалните мрежи како платформа на која отворено зборува за менталното здравје, а така и сега, Ивана искрено зборуваше за тоа колку ѝ била тешка 2025 година. Таа реши оваа година да ја „испрати“ со емотивен текст и фотографии генерирани со помош на вештачка интелигенција на кои позира со нејзиниот омилен лик – Гринч.

„Добрата страна на вештачката интелигенција е што во моменти кога не ти е до социјални медиуми, на неа секогаш ѝ е. Збогум 2025, ме научи дека ако не се сакам сама себе вистински, ќе ги уништам оние околу мене кои вистински ги сакам.


Ме научи дека ако немаш контрола над мозокот и свеста, немаш контрола над сопствениот живот. И ме научи дека тоа што не можеш да го контролираш, баш тоа те контролира тебе.

Да можам да те преживеам одново, пак би те одбрала, иако ми го искрши срцево неколкупати. Од тие кршења се составив појака и сега точно знам кој е мојот пат и како ќе останам цврсто на него.

Вас, прекрасници мои, со цело срце ви благодарам за вашата поддршка и присуство, единствена причина за која ги имам социјалните мрежи сте ми вие.


Пораките во инбокс, женската интуиција и женската енергија за мене беа светлата точка на оваа година. Сфатив дека не сум сама и дека не смее да се потцени присуството на секоја од вас во мојот виртуелен свет, сè има причина зошто е така.

Ве љубам бескрајно, ни посакувам здравје пред сè, свест, љубопитност, амбиција, волја и присутност во сегашноста на секоја една од нас. Љубовта ги следи овие работи сама!

Ве љубам прекрасници и со мојот омилен лик Гринч ви посакувам Среќна нова 2026 година... Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“.