Мел Гибсон и Росалинд Рос официјално го потврдиле крајот на нивната деветгодишна врска. Гибсон и Рос ја споделиле оваа информација ексклузивно за магазинот „People“.
„Иако е тажно да го завршиме ова поглавје во нашите животи, благословени сме со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобри родители“, изјавиле Гибсон и Рос.
Режисерот и актер (69) и сценаристката (35) ќе продолжат заеднички да го одгледуваат нивниот осумгодишен син Ларс.

Парот се запознал преку заеднички пријатели во 2014 година, а Ларс се родил во 2017 година, само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за филмот „Hacksaw Ridge“.
Освен Ларс, Гибсон има уште осум постари деца. Со поранешната сопруга Робин Мур ги добил ќерката Хана и шесте синови: Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мило и Томас. Исто така, ја добил 16-годишната ќерка, Лусија, со пијанистката Оксана Григоријева, од која се разделил во 2010 година.

Во септември 2024 година, најмладите деца на Гибсон, Лусија и Ларс, се појавиле со него на црвениот килим на премиерата на филмот „Monster Summer“ во Лос Анџелес.
Во јануари 2025 година, Гибсон и Рос го изгубиле својот дом во Малибу за време на пожарите во Лос Анџелес. Актерот бил надвор од градот поради работа, но неговото семејство и домашните миленици биле евакуирани на безбедно.
„Добрата вест е дека сите во моето семејство и оние што ги сакам се добро, сите сме среќни, здрави и надвор од опасност. Тоа е всушност единственото што ме интересира“, изјавил Гибсон на 9 јануари во емисијата „NewsNation’s Elizabeth Vargas Reports“.







