Матиќ им постави едно прашање на Џака и Шаќири: Ако толку ја сакаат Албанија…

Дерби

30/12/2025

13:23

498

Големина на фонт

а а а

Немања Матиќ се врати во Серија А и игра по 90 минути на секој натпревар кој го игра Сасуоло во италијанската елита, а како ветеран кој покажува дека се уште држи високо ниво на 37 години, ја искористи оваа предновогодишна еуфорија за да испрати еден посебен „поздрав“ до играчите кои му носат лоши спомени од репрезентативната кариера.

Матиќ беше дел од фамозниот натпревар меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во 2018-та година кога до израз дојдоа провокациите на Гранит Џака и Џердан Шаќири, а иако поминаа речиси осум години од тој настан, Србинот и натаму има свежи сеќавања, но и забелешки за своите колеги.

Фудбалерот на Сасуоло реши да ги „поздрави“ Џака и Шаќири за политичките пораки кои ги испраќаа со цел да покажат љубов кон Албанија, порачувајќи им дека со своите потези покажале непочитување и кон Швајцарија.

– Двајцата ги почитувам како фудбалери, но со такви ситници се обидоа да соберат лесни политички поени. Тие двајцата израснале во Швајцарија, а со сцените кои ги приредија покажаа непочит кон земјата во која живеат. Ако толку ја сакаат Албанија, зошто не играат за таа репрезентација? Тоа е прашањето на кое треба да дадат одговор, – вели Матиќ и се дообјаснува.

– Не е проблем да сакате повеќе држави, но мора да има почит. Јас ја сакам Србија, но ја сакам и Англија бидејќи минав многу време во таа земја. Сепак, никогаш не би кажал дека ја сакам Англија повеќе од Србија. Играв против Џака многупати на теренот, не сум имал лично проблем со него и секогаш сме се ракувале. Тој е добар играч, исто како и Шаќири, но јас никогаш не би направил нешто за да испровоцирам некого, – порачува Матиќ.