[ВИДЕО] Го нокаутираше противникот во Нови Пазар и ја славеше победата! Не можеше ни да замисли што го очекува

Точка

30/12/2025

10:17

1.656

Големина на фонт

а а а

На крајот, и Цукалас, иако победи во борбата, помина со повреди.

Хаос во Нови Пазар! Десетици луѓе упаднаа во рингот и го нападнаа грчкиот борец по мечот. Стампедо со околу 50 лица ја прекина прославата на победата. Вахид Кичара се извини поради немилите сцени.

Снимка од хаотичната масовна тепачка што избувна во рингот веднаш по завршувањето на кикбокс-мечот во Нови Пазар стана вирална. До нередите дојде откако домашниот борец Вахид Кичара загуби од грчкиот противник Јоанис Цукалас со прекин.

На снимката се гледаат десетици мажи како упаѓаат во рингот. Во општиот метеж го нападнаа грчкиот борец, и тоа одзади додека на колена ја славеше победата, а обезбедувањето и судиите беа целосно немоќни. Набрзо во рингот настана вистинско стампедо со околу 50 луѓе вклучени во тепачката.

По сè, се огласи и Вахид Кичара и јавно се извини. Напиша дека му е жал поради немилите сцени и дека во иднина ќе се залага за подигнување на спортската култура и фер-однесувањето во рингот и на трибините. На крајот, и Цукалас, иако победи во борбата, помина со повреди.