Тифозите на Рома направија хит од враќањето на Де Роси како противнички тренер на „Олимпико“

Дерби

30/12/2025

11:27

162

Големина на фонт

а а а

Испраќањето на Фраческо Тоти во пензија и натаму важи за најдобриот проштален меч во поновата историја на европскиот фудбал, а како тифози кои се познати по својата огромна страст и френетично навивање, фановите на Рома режира уште една незаборавна сцена.

Рома ја заврши 2025-та година со триумф над Џенова со резултат 3:1 и прашањето околу победникот го реши во раната фаза од мечот, па иако навивачите имаат добра причина за прослава по последниот судиски свиреж, во прв план реши да го стават повратникот на „Олимпико“.

Даниеле Де Роси се врати како противнички тренер на Рома и доживеа големи емоции на теренот, па дури замина и до главната трбина за да ги отпоздрави најстраствените фанатици на „волчицата“.

Дополнителен шмек на целата ситуација додадоа и играчите на Рома кои останаа на теренот за да му аплаудираат на Де Роси заедно со фановите, па овие сцени секако ќе останат во сеќавање на Даниеле уште долго време.

– Чувствувам лутина во себе и тоа можат да го препознаат фановите на Рома, добро знаат каков сум после пораз. Не ми се допадна играта на мојот тим, а лутината стои во мене и покрај неверојатните сцени на крајот. Добив поддршка од моите навивачи, од моите поранешни играчи…..

– Знам дека ќе го направеа истото ако мечот завршеше со реми, но ќе беше малку поубаво да се поздравам со нив на таков начин. Жал ми е што имав сериозна гримаса за време на поздравот, но тука добро ме познаваат сите. Сите знаат на каков начин го доживувам фудбалот, – изјави Де Роси.