[ВИДЕО] Евролига Топ 10: Роден „експлодираше“ и го разби кошот на „црвено-белите“ од Белград

Дерби

30/12/2025

07:50

343

Големина на фонт

а а а

Од денеска па до петок се игра 19. коло во Евролигата, но пред тие десет нови натпревари ги имаме најубавите моменти од 18. рунда.

Десет мајстории се во игра, листа која почнува и завршува во Париз со атракции на двајца играчи на францускиот клуб во пресметката со Црвена Звезда.

Местото број десет е за Фаје кој испорача топ атракција по промашувањето на соиграчот, додека шампион е Роден со бруталното забивање.