Искусниот полски напаѓач, Роберт Левандовски ја игра четврттата сезона во дресот на Барселона, сезона која може да биде и негова последна во оваа средина со оглед на тоа што договорот му завршува на 30 јуни 2026 година.
Левандовски во месец август го прослави 37. роденден и е јасно дека е во завршницата на активната кариера. Тој засега не размислува за заминување во пензија, но има некој зацртан план уште колку време би можел да биде директен учесник на терените без разлика дали тоа ќе биде во Барселона или некоја друга екипа.
-Сè уште сум интроверт. Кога ќе ја завршам кариерата, мислам дека тоа ќе биде за две до три години, би можела да се создаде нова книга, која би била поинаква, но би содржела некои интересни елементи, -порача Лева.
Тој скоро 15 години игра на врвно ниво што не е мала работа, тргна моќно во Борусија Дортмунд, потоа се надогради во Баерн Минхен, а потоа својот квалитет и знаење го потврди и во каталонскиот великан.







