Загина 48-годишен возач: Со возилото излетал од патот Кочани – Виница

Макфакс

17/12/2025

13:54

215

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.