Оваа држава воведува строги правила во борбата со загадениот воздух: Се ограничува бројот на возила и присуството на вработените во канцелариите

Точка

17/12/2025

17:20

473

Големина на фонт

а а а

Загадувањето на воздухот во Њу Делхи е хроничен зимски проблем затоа што ладниот и густ воздух ја задржува емисијата од сообраќајот, градилиштата и палење на земјоделските остатоци во соседните држави.

Властите во индиската престолнина Њу Делхи вовеле строги мерки за да го запрат тешкото загадување на воздухот, вклучувајќи ограничување за сообраќајот и намалување на присутноста на вработените во приватните и државни канцеларии.

Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во регионот Делхи во кој живеат околу 30 милиони луѓе, последниве денови е во категорија „тешко“ загадување и често надминува вредност од 450, пренесува „Ројтерс“.


Маглата дополнително ја влошува видливоста во поединечни делови од градот, што го нарушило авионскиот и железнички сообраќај.

Поради влошувањето на ситуацијата, Комисијата за управување на квалитетот на воздух во саботата ја активирала четвртата фаза – највисоко ниво на Планот на постепениот одговор за Делхи и околните подрачја.

Мерките вклучуваат забрана за влез на постари дизел-камиони во градот, да се запрат сите градежни работи, вклучувајќи и јавни проекти, како и воведување на хибридна настава во училиштата.

Министерот во локалната самоуправа, Капил Мишра, изјавил дека сите приватни и државни канцеларии ќе работат најмногу 50 отсто од присутните вработени, додека пак останатите ќе работат од дома.

Тој додал дека регистрираните градежни работници, од кои многумина живеат од дневница, ќе добијат надомест од околу 110 долари поради запирање на работата.

Еден ден претходно, властите вовеле дополнително ограничување за возила, забранувајќи го движењето на оние кои не се во состав со најновите стандарди за контрола на емисија.


„Нашата влада е посветена на обезбедување на чист воздух во Делхи. Ќе преземеме строги чекори тоа да го обезбедиме во наредните денови“, изјавил министерот за животната средина на Делхи.

Загадувањето на воздухот во Њу Делхи е хроничен зимски проблем затоа што ладниот и густ воздух ја задржува емисијата од сообраќајот, градилиштата...

Тоа редовно доведува до создавање на густ смог и ги изложуваат жителите на сериозни респираторни ризици.

Индексот на квалитетот на воздух под 50 се смета за добар, пренесува „Tanjug“.