Двајца соиграчи се обидоа да го утешат незадоволниот Бруно, капитенот на Јунајтед одмавнуваше со раце

Дерби

16/12/2025

13:26

189

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш одигра нов спектакуларен натпревар во Премиер лигата и по четврти пат во низа беше избран за играч на мечот, но тоа не беше доволно за да се израдува на победа на „Олд Трафорд“.

Капитенот на Јунајтед игра во нависитна извонредна форма и вчера постигна спектакуларен гол од слободен удар во пресметката со Борнмут, а иако претходно имаше и асистенција, тоа сепак не беа доволно добри ресурси за триумф.

Јунајтед трипати испушти водство и на крајот мораше да се задоволи со нерешени 4:4 во лудиот натпревар на театарот на соништата, по кој преовладуваше чудна атмосфера на теренот, но и на трибините.

Навивачите не беа задоволни што тимот испушти победа во самата завршница, а посебно фрустриран беше Бруно Фернандеш кој не сакаше да ги прифати ниту утешните зборови од соиграчите.

Угарте пристигна прв да го утеши видно разочараниот Бруно, но неуспешен во својот обид беше и Касемиро кој подоцна му се приближи на капитенот.