Досега заработил 150 милиони долари! Стана хит поради автомобилот со кој дојде на тренинг

Точка

16/12/2025

09:38

4.065

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Филаделфија Иглс, Еј Џеј Браун, стана вирален хит откако на плејоф-натпревар пристигна со својата „Honda Accord“, автомобил вреден околу дваесетина илјади долари. Снимката изненади многумина ако се знае дека Браун во текот на кариерата заработил повеќе од 150 милиони долари, а неговиот скромен избор на возило е спротивен на луксузните автомобили какви што обично возат ѕвездите на „NFL“.

Скромност и покрај милионите

Браун минатата година потпиша тригодишно продолжување на договорот вредно 96 милиони долари, од кои 84 милиони се загарантирани, со што стана најплатениот „wide receiver“ во лигата. И покрај богатството, додека другите спортисти се фалат со „Bentley“ и „Lamborghini“, тој останува верен на својата сигурна лимузина.

Неговиот став се протега и надвор од теренот. Ја отфрли важноста на титулата најплатен играч на својата позиција, изјавувајќи: „Не играме на хартија. Никому не му е грижа што има на банкарската сметка кога ќе стапнеш меѓу тие линии.“

Ваквиот приземен пристап му помага да остане фокусиран и покрај проблемите со кои се соочува нападот на „Eagles“. Тимот, под водство на тренерот Ник Сириани, за четири сезони смени четворица офанзивни координатори, што бараше постојана адаптација. Менталната подготвеност на Браун, вклучувајќи ја и навиката за читање на клупата која стана препознатлива, е клучна за одржување на формата.

Овој пристап се исплатеше во 2022 и 2023 година, кога забележа две последователни сезони со над 1.400 освоени јарди и постави рекорди на франшизата. Сепак, оваа сезона целиот напад на „Eagles“ има потешкотии, а и самиот Браун неодамна јавно го преиспитуваше пристапот на екипата.

Навивачите воодушевени од едноставноста на Браун

На социјалните мрежи потегот на Браун предизвика лавина позитивни коментари, а навивачите ја пофалија неговата скромност. „Ова е вистинско покажување класа. 150 милиони долари на сметка, а вози ’Honda‘ како да не е ништо. Вистинското богатство не треба да вика“, напиша еден корисник.

„Луѓето треба да му аплаудираат на овој човек што живее вака. Паметен е“, забележа друг. „Така остануваш богат. Паметен човек“, додаде трет. Многумина изразија почит, а еден од коментарите гласеше: „Скромен е; нема потреба да се покажува. Знае дека има пари, плус е ѕвер на теренот.“ „Ми се допаѓа ова, секоја чест! Скромен и приземен“, заклучи еден од навивачите.