[ВИДЕО] Тони Михајловски за отуѓениот однос со синот Александар: „Тој сега сфаќа што значи да се нема време, да не можеш да се посветиш на она што ти е тука пред очи“

Точка

16/12/2025

21:39

1.812

Големина на фонт

а а а

Легендите на македонската актерска сцена Тони Михајловски и Игор Џамбазов гостуваа во поткастот на Стефан Лазаров.

Таму говореа за нивната плодна кариера, нивното пријателство кое трае долги години, но и за приватните животи и пороци со кои успеале да се изборат.

„Кога беше тука Хонда, спомна дека си му фалел како улога на татко во дел од животот“, во еден момент вели Лазаров, а Тони којшто рече дека го гледал гостувањето на својот син Александар, му одговори:

„Јас отсекогаш моите два сина, постариот и помалиот, ги учам на тоа дека треба да го кажат тоа што го мислат, да бидат свои луѓе, дека не треба да затскриваат ништо и дека треба да размислуваат со сопствена глава. И мене ми фали тој период, не само него, меѓутоа успеавме некако, ваљда низ годините да ги компензираме работите, па успеавме да изградиме еден многу здрав однос со Александар.

Ние сме другари пред сѐ, па после колеги, па потоа на трето место доаѓа татковството, затоа што татко може да биде секој, да се направи дете и не е многу тешка работа. Но, да бидеш човек, како што вика во „Варвари“ една реплика ликот што го играм јас, е тоа е татко. Има многу татковци, но не се сите на нивото на коешто треба да бидат“.

На оваа констатација на Тони, се надоврзал и Џамбазов, на што рече:

„Што мислиш, дека татко ми Џамбаз имал време за мене кога сум бил мал? Па, јас не го гледав“.


Михајловски продолжи:

„Татко ми беше тракториста, па ни јас не го гледав. На пример, она што Александар сега го сфаќа, дека со својата работа и тој тоа го кажа нели, дека он сега разбира што значи да се нема време, да не можеш да се посветиш на она што ти е тука пред очи.

Ние успеавме да станеме другари, успеавме да си ја изградиме вистината, секогаш може да ми каже што мисли, знае дека јас сум му најдобриот другар на светот и дека никогаш нема да го зезнам за три работи на коишто секој другар ќе киксне.

Тоа се женска, пари и позиција. За тие работи од мене е безбеден“, вели Тони.