Анџелина Џоли за прв пат јавно ги покажала лузните од мастектомија во ново интимно интервју.
Повеќе од деценија откако во 2013 година се подложила на превентива двократна мастектомија, познатата 50-годишна актерка за магазинот „Time France“ открила зошто се решила да ги сподели резултатите од зафатот што ѝ го спасил животот, а за кој се решила бидејќи нејзината мајка починала од рак на дојка.
Порака на солидарност
„Овие лузни ги споделувам со бројни жени кои ги сакам. И секогаш ме трогнува кога ќе видам жени како ги споделуваат своите“, изјавила Оскаровката за магазинот.
Актерката која наскоро ќе имаме можност да ја видиме во филмот „Maria“ додала: „Сакам да им се придружам, знаејќи дека „Time France“ ќе ги сподели информациите за здравјето на дојките, превенцијата и знаењето за ракот на дојка“.
Со мастектомија актерката го намалила ризикот од рак на дојка од 87% на 5%
Потсетуваме, мајката на Џоли, актерката Маршелин Бертранд, почина во 2007 година на 56 годишна возраст. Во својот авторски текст за „New York Times“ насловен „Мојот медицински избор“ од мај 2013 година, Џоли открила дека носи „неисправен ген“ – BRCA1, кој значително го зголемил нејзиниот ризик од развој на рак на дојка.
„Сакав да го напишам ова за да им кажам на другите жени дека одлуката за мастектомија не беше лесна. Но тоа е одлука поради која сум многу среќна. Моите шанси за развој на рак на дојка паднаа од 87% на помалку од 5%. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се грижат дека ќе ме загубат поради ракот на дојка“. Две години подоцна, во 2015 година, Џоли превентивно ги отстранила и јајниците и јајцеводи.
„BRCA“ тестирањето треба да биде достапно за сите жени“
Во новото интервју актерката ја нагласила важноста на достапноста на „BRCA“ тестирањето за секоја жена. „Секоја жена треба да биде во можност да го одреди сопствениот здравствен пат и да има информации потребни за донесување информирани одлуки: генетско тестирање и скрининг треба да бидат достапни и пристапни на жените со јасни фактори на ризик или значајна семејна анамнеза“, изјавила Џоли.
„Кога го споделив свето искуство во 2013 година, тоа беше за да ги поттикнам информираните избори. Одлуките за здравствена нега мора да бидат лични, а жените мора да ги имаат информациите и поддршката што им се потребни за да ги донесат тие одлуки. Пристапот до скрининг и нега не треба да зависи од финансиските средства или местото на живеење“, додала таа.
Глуми во филмот за Максин Вокер, на која ѝ бил дијагностициран рак на дојката
Џоли глуми во претстојниот филм „Couture“ на режисерката Алис Винокур, чијашто премиера во Франција се очекува во февруари 2026 година. Во таа како што рекла, „особено лична приказна“, го толкува ликот на Максин Вокер, американска режисерка на која ѝ е дијагностициран рак на дојката. За „Time France“ изјавила дека „секогаш се восхитувала на работата на Алис“ нарекувајќи ја „брилијантна режисерка“ со „уникатен“ пристап кон болеста.
„Многу често филмовите за женски болести – особено ракот – зборуваат за крајот и тагата, ретко за животот“, истакнала актерката.

Џоли додала дека француската режисерка ѝ пристапила на чувствителната тема со „таква деликатност“.
„Мајка ми беше болна со години. Една вечер, кога ја прашаа за хемотерапијата, таа стана многу емотивна и ми рече дека повеќе би сакала да зборува за нешто друго; чувствуваше како болеста да станува нејзин цел идентитет“, рекла актерката.
„Го сакам овој филм затоа што раскажува приказна што оди многу подалеку од патувањето на болна личност: го прикажува животот. Токму таа светла перспектива ме трогна и ме натера да посакам да ја играм оваа улога“, заклучила Џоли.














