[ФОТО] Фотографија што буди носталгија: Членовите на групата „Black Eyed Peas“ повторно заедно

Точка

16/12/2025

13:17

671

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Ферги неодамна на Инстаграм сподели фотографија членовите на групата „Black Eyed Peas“ чијшто член беше во минатото.

Како што напишала во објавата, „Will.i.am“, „Apl.de.Ap“ и „Taboo“ се собрале за сите заедно да ги прослават родендените.

„Конечно успеавме да пресечеме и заедно да ги прославиме нашите родендени. Каква посебна вечер со моите браќа, исполнета со толку љубов“, напишала пејачката.


Инаку Ферги на 27 март наполнила 50 години, а „Will.i.am“ го прославил истиот јубилеј на 15 март. Додека „Taboo“ на 14 јули наполни 50 години, а „Apl.de.Ap“ на 28 ноември наполнил 51 година.

Објавата на Ферги предизвика бројни реакции и коментари. „Will.i.am“ напишал дека ова бил најдобриот роденден досега и дека е многу среќен, „Taboo“ истакнал дека се работи за прекрасен начин за почеток на празниците со семејството, а „Apl.de.Ap“ додал дека ова е „семејство кое заедно поминало низ многу нешта“.

„Оваа објава многу ми значи“, „Љубов за вас“, „Направете повратничка турнеја“, „Ферги врати се во групата“, „Никогаш не требаше да се разделат“, беа само дел од коментарите на обожавателите.


Групата „Black Eyed Peas“ била основана во 1995 година, а Ферги ѝ се придружила во 2002 година по заминувањето на Ким Хил. За време на заедничката работа ги објавиле албумите: „Elephunk“ (2003.), „Monkey Business“ (2005.), „The END“ (2009.) и „The Beginning“ (2010.).

По паузата на групата, последното издание со Ферги била новата верзија на песната „Where Is the Love?“ од 2016 година.

Набргу потоа Ферги ја напуштила групата за да ѝ се посвети на соло кариерата и во 2017 година го објавила албумот „Double Dutchess“. „Black Eyed Peas“ продолжиле да настапуваат како трио, објавувајќи ги албумите „Masters of the Sun“, „Vol. 1“ (2018.), „Translation“ (2020.) и „Elevation“ (2022.).