Лигата на шампионите веќе некое време се игра во два термини, но вчера принудно беше „отворен“ уште еден во кој Каират Алмати го пречека Олимпијакос, меч во кој трите бода ги освоија гостите со гол во второто полувреме.
Токму на ова соочување во Астана можеби го видовме промашувањето на годината во Лигата на шампионите, „мајсторија“ за која се погрижи Ајуб Ал Каби.
Мароканецот направи се како што треба само завршниот удар, поточно откако го мине голманот тој не ја затресе празната мрежа и ја погоди стативата. За среќа оваа утка не влијаеше на исходот и грчкиот претставник си замина дома со целиот плен.






