Поранешниот менаџер на Шумахер врзан и ограбен во својата вила

Точка

10/12/2025

15:41

516

Големина на фонт

а а а

Вили Вебер (83), поранешниот менаџер на легендата на „Формула 1“, Михаел Шумахер, бил нападнат во својата вила во Штутгарт. Како што јавува „Bild“, Вебер во вторникот навечер во својата куќа бил врзан и ограбен.

Според „Bild“, во домот на Вебер биле отворени и испразнети повеќе сефови. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале повеќе лица, кои успеале да ја алармираат полицијата. Вебер при тоа бил и повреден.

„Имам подлив на окото, криминалистичката полиција е тука и разговара со мене. Се чувствувам ужасно. Потполно сум во шок“, изјави 83-годишникот за „Bild“.


Вили Вебер беше менаџер на Михаел Шумахер од 1988 до 2009 година. Повеќе од 20 години ја следеше ѕвездата на „Formula 1“, вклучувајќи ги и седумте светски титули. Уште во текот на 1980-тите го донесе младиот Шумахер во својата екипа во „Формула 3“ и подоцна го следеше низ најголемите успеси.

За време на враќањето на Шумахер во „Formula 1“ во 2010 година, нивните патишта се разделија, а Вебер своите обврски ѝ ги предаде на поранешната медиумска советничка на Шумахер, Сабине Кем.


Само неколку недели пред нападот беше објавено дека поранешниот менаџер планира да ја продаде својата вила.