Анчелоти прогнозираше кој ќе ги освои титулите во ПЛ и ЛШ

Дерби

10/12/2025

08:16

1.064

Големина на фонт

а а а

Искусниот италијански стручњак и актуелен бразилски селектор, Карло Анчелоти прогнозираше кој ќе го освои титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.

Карлето низ кариерата имаше можност да слави во двете натпреварувања и добро знае колку е тешко да се дојде до пехарот, но во исто време нема дилеми околу тоа кој на крајот од сезонава на биде на врвот, пиедесталот.

-Мојот Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите, -порача Италијанецот.

-Арсенал ќе триумфира во Премиер лигата. Јас сум фан на ПЛ. Но, мислам дека Арсенал започна навистина добро, тие се фантастичен тим, навистина солиден тим.

-И секако дека сум навивач на Арсенал затоа што го имам Габриел, но навивам и за Тотенхем затоа што го имаме Ришарлисон, навивам за Јунајтед, ги поддржувам бразилските играчи, -порача Карло за ТНТ Спорт.