Халанд го лови рекордот на Ширер

Макфакс

21/11/2025

18:32

128

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Сити, во сабота, ќе му гостуваа на Њукасл. Натпреварот може да биде историски за најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Холанд.

Норвежанецот од почетокот на сезоната игра брилијантно, а на „Сен Џејмс Парк“, може да влезе во историските книги. Гол против Њукасл би бил неговиот 100-ти во Премиер лигата, во само 109-от настап, со што би го срушил рекордот на легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер (124 натпревари).

Норвежанецот постигна четири гола за време на репрезентативната пауза и ја водеше својата земја до првото Светско првенство од 1998 година. Вкупно – 16 гола во осум квалификациски натпревари.

„Тој има неверојатна сезона. Ги руши сите рекорди – лични, рекорди во Премиер лигата, норвешки рекорди… Среќен сум за него и за репрезентацијата. Многу од играчите на Норвешка не биле ни родени кога последен пат играле на Светското првенство. Како фудбалер од светска класа, тој го заслужува тоа искуство. Сега е на совршена возраст, многу е зрел и многу сум среќен за него“, рече во пресрет на натпреварот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола