Големата фудбалска ѕвезда во центарот на скандал со илегално оружје: Неговиот тренер откри што ќе преземе

Точка

21/11/2025

15:41

759

Големина на фонт

а а а

Нико Ковач го најави наптерварот со Штутгарт и коментираше дали ќе го казни Карим Адејеми.

Борусија Дортмунд го дочекува Штутгарт во 11. коло на Бундеслигата. Натпреварот се игра во сабота од 15:30 часот, а прес-конференцијата ја одржа тренерот на жолто-црните, Нико Ковач.

Главна тема беше аферата со оружје, која избувна откако пред неколку недели напаѓачот на Дортмунд и германската репрезентација Карим Адејеми доби кривичен налог поради нелегално поседување оружје. Скандалот дополнително ескалираше во пресрет на клучниот квалификациски натпревар на Германија за Светското првенство 2026 против Словачка — на кој Адејеми не настапи.


Новинарите го прашаа Ковач дали ќе го казни Адејеми, односно дали ќе го суспендира или исфрли од тимот?

„Јас не сум му татко, јас сум негов тренер. Имаме заеднички цели“, рече Ковач, повикувајќи на разумно согледување на ситуацијата.

„Мислам дека никој што седи овде во просторијава не направил сè совршено во животот. Животот продолжува, тој кажа сè што имаше да каже. За мене тоа не е причина да го извадам од составот неколку наредни недели.“


Ковач потврди и дека приказната, барем од спортски аспект, е затворена:

„Постојано повторував дека имам многу добар однос со Карим и дека многу често разговарам со него. Разговаравме и по неговото враќање, и ја обработивме ситуацијата заедно. Фокусот е насочен напред — сега следува Бундеслигата, а таму од нас добива целосна поддршка.“