Чаби Алонсо ќе побара едно зимско засилување од Флорентино Перез

Дерби

21/11/2025

11:13

616

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не важи за клуб кој е посебно активен во зимските преодни рокови, но шпанските медиуми тврдат дека Чаби Алонсо ќе побара еден трансфер од претседателот Флорентино Перез.

Раководството на Реал ретко има активности во јануари, но тренерот смета дека треба да се обезбеди едно име кое се истакна со своите настапи од почетокот на сезоната.

Се работи за играчот за врска на Елче, Родриго Мендоса, фудбалер кој има само 20 години, но покажа неверојатна зрелост и форма на натпреварите во Ла Лига и очигледно го привлекол вниманието на Чаби.

Медиумите тврдат дека Мендоса е атрактивен и за други клубови, па токму затоа тренерот на Реал ќе инсистира на експресен трансфер и избегнување на сценарио во кое шпанскиот фудбалер ќе се пресели во ривалски клуб.

Најавите се дека Елче ќе се откаже од Мендоса за сума од околу 20 милиони евра.