Беше голема ѕвезда на Арсенал, ја освои Лигата на шампиони со Ливерпул, а сега не може да си пронајде клуб на 32 години

Дерби

04/11/2025

11:58

718

Големина на фонт

а а а

Алекс Окслејд Чембрлен своевремено беше голема ѕвезда на Арсенал и важеше за еден од најбрзите играчи во Премиер лигата, а токму клубот од Северен Лондон е оној кој му подава рака во најтешките моменти во неговата кариера.

По етапата во Арсенал, Чембрлен играше и за Ливерпул и беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите со Јирген Клоп, но слично како и во Лондон, на крајот заврши на „Енфилд Роуд“ како играч кој премногу често е подложен на повреди.

Некогашниот англиски репрезентативец во изминативе две сезони настапуваше за Бешкиташ, но во месец август беше ослободен од турскиот великан, сето тоа како последица на фактот што не играше во најголем дел од вториот дел од сезоната.

Повредите направија Чембрлен да биде слободен агент на 32 години и да се најде во ситуација кога нема клуб, а во овие моменти, Арсенал му ги понуди своите тренинг терени и го повика на тренинзите со цел да се одржува во форма.

– Алекс има извонреден карактер, еден од најдобрите кои можете да ги сретнете во фудбалот. Убаво е да му се даде простор да ја одржува формата во обидот да пронајде нов клуб. Нашите момци можат само да научат од него. Имав привлегија да играм со него и знам дека може да биде добар пример за нашите фудбалери, – изјави Артета.