[ВИДЕО/ФОТО] Пејачката ја покажа неверојатната фигура во фустан кој откривал сè: Голите гради наѕирале под сакото, а сите погледи биле вперени во извајаните стомачни мускули

Точка

31/10/2025

20:19

2.576

Големина на фонт

а а а

„Голите“ фустани станаа вистински тренд во последните неколку години и може да се видат на речиси секој црвен тепих. Некои познати дами избираат „поскромни“ верзии на ваквите модни комбинации, додека други не се срамат да покажат речиси сè.

Трендот на проѕирни фустани на повисоко ниво го издигна пејачката и актерка Тејана Тејлор, која малкумина остави рамнодушни кога се појави на свечената „TIME100 Next“ гала.

Многумина ја сметаат Тејлор за една од најатрактивните славни личности, а таа ја оправда таа титула со црната модна комбинација што ја избра за оваа посебна вечер. Носела исклучително ризичен аутфит, дизајн на Том Форд.


Минималистичката креација, која спаѓа во категоријата фустани, била изработена од проѕирен, црн материјал, а најмногу внимание привлече горниот дел – кој речиси и да не постоеше. Долгото здолниште го држело само тенка лента која се спојувала околу нејзиниот врат.

Под фустанот носела само црна танга, а градите ги покрила со елегантно, црно сако. Тејана ја комплетирала црната комбинација со темна и впечатлива шминка и со кратка пикси фризура.


Во оваа смела комбинација, Тејлор уште еднаш ја покажа својата сензационална фигура и совршено извајани стомачни мускули по кои е препознатлива. Токму нејзината линија предизвика најмногу реакции, а многумина се согласија дека оваа модна комбинација ѝ прилега совршено.

„Телото ѝ е лудо – на најдобар можен начин“, „Нејзиниот стил и убавина секогаш се неспоредливи“, „Ќе се онесвестам! 10 од 10, прекрасна е“, „Засекогаш ќе бидам опседнат со оваа жена“, „Овој фустан изгледа како да е создаден токму за неа“, пишуваа нејзините обожаватели.


Тејана Тејлор е 34-годишна пејачка, актерка, режисерка и кореографка, која стана позната во 2007 година, кога се појави во емисијата „My Super Sweet 16“. Наскоро потпиша договор со дискографската куќа „GOOD Music“ на Канје Вест. Таа се прослави и во модната индустрија, каде што често е гостинка на ревии.

Тејлор е многу популарна и на социјалните мрежи – само на Инстаграм ја следат повеќе од 18 милиони луѓе. Таа често се дружи со славната елита и е блиска пријателка на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан. Неодамна присуствувала на прославата на нејзиниот роденден, а заедно глумат и во серијата „All’s Fair“.