[ФОТО] Совршено бегство од градската врева, на само два часа од Скопје: Миа Костова ужива во убавините на Кипар

Точка

31/10/2025

14:32

2.437

Големина на фонт

а а а

Македонската инфлуенсерка и поранешна ТВ водителка, Миа Костова повторно „избега“ од Скопје и замина кон сончевиот Кипар, каде што, според нејзините зборови, „времето застанува, а морето блеска со посебна магија“.

На својот Инстаграм профил, Миа сподели дел од впечатливите моменти од одморот, проследени со опис што веќе ги инспирира нејзините следбеници да го разгледаат овој медитерански бисер:

„Совршено бегство од зима на само два часа од Скопје. Кипар е една сончева приказна со едно од најубавите мориња што сум ги видела. Измешана приказна што на моменти личи на Грција, а на моменти дури и на некои места во Дубаи - без облакодери и стаклени згради“.

Во својата препознатлива искрена и хумористична нота, Миа откри и неколку совети за сите што планираат да го посетат островот:

„Совршени плажи со лоша организација, освен ако не ја најдеш вистинската. Оние кои ќе ги предложи интернетот - избегнете ги“.

Костова вели дека Кипар е вистински рај за љубителите на медитеранската храна, со таверни на секој чекор и вкусови блиски до грчката и турската кујна.

„Цените се пристапни, услугата е солидна, а храната претежно вкусна“, пишува таа.

Инфлуенсерката сподели и интересно предупредување за сите кои би сакале да изнајмат автомобил:

„Се вози од лева страна, па ако земате рент-а-кар - бидете внимателни. Препорачувам автоматик возило, затоа што менувач со лева рака е баш за талентирани“.

Миа откри дека октомври и ноември се совршени месеци за посета на островот:

„Во лето велат дека е неподнослив пекол и влажност, но сега температурата е идеална - околу 25 до 28 степени преку ден и пријатни, топли ноќи“.

Со својата позитивна енергија и љубов кон патувањата, Миа уште еднаш потсети дека убавите моменти не се мерат со километри, туку со чувството на слобода и топлина - дури и кога календарот покажува друго годишно време.

Автор: Ц.Н.