Американскиот режисер Френсис Форд Копола, по фијаското со филмот „Мегалополис“ и 120-те милиони долари инвестирани во неговото снимање, решил да ја продаде својата колекција луксузни часовници.
Споменатиот филм беше објавен минатата година и заработи само 14,3 милиони долари, а Копола ги продава часовниците преку аукциската куќа „Филипс“.
Еден од часовниците вреди 1 милион долари, а го дизајнирал Копола заедно со познатиот часовничар Франсоа-Пол Журн. Има титаниумска стрелка во облик на човечка рака со прсти и палец кои се протегаат или се повлекуваат за да означат различни часови.

„Разговорот со Франсис во 2012 година и неговата идеја за користење стрелка во облик на човечка рака за означување на времето ме инспирираше да создадам часовник што никогаш не можев да го замислам. Предизвикот беше огромен, рекол Журн.

Секако, за време на изработката тој се консултирал со Копола, а прототип бил направен во 2021 година.

„Горд сум што целосно ја поддржувам продажбата на овој часовник преку Филипс за финансирање на создавањето на неговите уметнички ремек-дела во филмската продукција“, додал тој.
Колекцијата часовници на Копола ќе се продава во Њујорк на 6 и 7 декември оваа година.







