Го одбила Роналдо, но се соблекува за сите останати: Лили во каубојски стил ги мами воздишките

Точка

30/10/2025

20:36

1.537

Големина на фонт

а а а

Прекрасната Русинка го помина денот на ранч — и повторно ја запали фантазијата на своите следбеници.

Пред неколку години, Лили Ермак ја шокираше јавноста кога откри дека некогаш ѝ се додворувал Кристијано Роналдо. Тогаш изјави дека го одбила…

Можеби навистина е така — дека му свртела грб на најпопулниот фудбалер на светот — но тоа ѝ донесе вистинска експлозија на популарност на „Instagram“.


Провокативните фотографии што редовно ги објавува само го зголемија бројот на нејзините следбеници, кој сега достигна 1,7 милиони.

Сега атрактивната Лили повторно ги почести своите обожаватели со нова фотосесија. Овојпат, Русинката позира во каубојски стил — со шешир, чизми и тексас, а единственото што недостасува се пиштоли.

„Го поминав денот на ранч — ги хранев зајаците, уживав на свеж воздух и малку се исклучив од сè. Како ви се допаѓа оваа атмосфера? Мислите ли дека ми прилега?“ — праша Лили под својата нова објава.