[ВИДЕО] Неверојатна глетка дури и за Австралија: Кога огромен питон го блокира патот

Точка

28/10/2025

17:32

3.252

Големина на фонт

а а а

Една еколошка експертка снимила неверојатна средба со џиновска змија во непристапните предели на Австралија.

Тали Мојл, специјалистка за враќање на дивите видови во нивните природни живеалишта, го посетила Националниот парк „Gawler Ranges“ кон крајот на септември и таму се соочила лице в лице со т.н. шарен питон („Morelia imbricata“) — објави Службата за национални паркови и диви животни на Јужна Австралија на својата страница на „Facebook“.

На видеото се гледа огромна змија како ја преминува патеката, зафаќајќи речиси цела нејзина ширина.

„Доста е ретко да се видат овие момчиња во областа Гоулер“, напиша Мојл во својата објава на „Instagram“.


Шарените питони живеат во густо шумско зеленило и се хранат со мали цицачи, птици и понекогаш со други влекачи. Видот е главно ноќен, но понекогаш може да се види како се сонча или се движи и во текот на денот.

Најчесто наоѓа засолниште во шупливи дрвја, пукнатини во карпи или во напуштени живеалишта на други животни.

Во изјава за „McClatchy News“, Мојл изјавила дека веднаш ја препознала змијата, но нагласила дека се среќава исклучително ретко, пренесува „Miami Herald“.

„Тоа беше само втор примерок што сум го видела за време на трите години работа таму“, вели таа.

Од раководството на паркот апелираа до посетителите секогаш да одржуваат безбедна далечина при набљудување на животните во нивното природно живеалиште.